По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
Директорот на НУ „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката ја носи како личен морален и етички чин и како преземање одговорност пред јавноста.
Во писмената оставка доставена до Управниот одбор, Оџаклиески посочува дека во конкретниот случај не бил прекршен ниту еден закон, правилник или друг акт, ниту, како што наведува, било постапено спротивно на одлуките на Управниот одбор.
Сепак, тој признава дека бил направен „ненамерен пропуст“ во проценката на начинот на кој одредена постапка може да биде разбрана од јавноста.
„Она што е правно дозволено не секогаш е доволно за да се зачува највисокиот степен на доверба што јавноста со право го очекува од една јавна институција“, наведува Оџаклиески.
Тој во писмото упатува и извинување до јавноста за настанатата недоумица, нагласувајќи дека Историскиот музеј во Крушево е институција од особено значење за македонската културна и историска меморија и дека нејзиниот углед треба да биде над секоја поединечна функција.
Оставката доаѓа по реакциите во јавноста поврзани со отстапувањето на просторот на Македониумот за снимање музички спот.

Ново на Сител
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
