Почина Пол Ди’Ано - поранешен предводник на хеви-метал бендот „Ајрон мејден“

Поранешниот фронтмен на хеви-метал бендот Iron Maiden, Пол Ди’Ано, почина на 67-годишна возраст во својот дом во Солсбери.
„Во име на неговото семејство, Conquest Music со тага ја потврдува смртта на Пол Ендрјус, професионално познат како Пол Ди’Ано“, објави неговата издавачка куќа Conquest Music, во соопштението објавено од британскиот Метро.
Пејачот е роден на 17 мај 1958 година во Лондон, а со групата Ајрон Мејден настапува од 1978 година, кога најпрво настапувале во локалните пабови во Лондон. Потоа ги снимаат првите два студиски албума, „Ајрон мејдн“ (Iron Maiden) и „Убијци“ (Killers), кои се стекнаа со легендарен статус,а после албумот „Killers“, во 1981 година, заминуваат на светска турнеја.
Тој на крајот на оваа турнеја ги напушта Iron Maiden и ја продолжува својата музичка кариера со различни бендови и соло проекти.
Иако никогаш не го постигна комерцијалниот успех што го имаше со Iron Maiden, Ди’Ано остана активен на метал сцената, станувајќи икона меѓу љубителите на постариот звук на хеви металот.
Ди’Ано е познат по својата автентичност и отвореност, честопати зборувајќи за своите минати проблеми и предизвици што ги имал во музичката индустрија.
Ново на Сител
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
