Починала од бактерија, дечкото за време на секс ја врзал со јаже

Кејти Видоусон (23) од Бирмингем, мајка на едно дете била примена во болница со повреда на рачниот зглоб. Лекарите погрешно ја протолкувале повредата и заклучиле дека Кејти го удрила зглобот. Следниот ден таа е донесена во билница со возило на итна помош. Имала срцев удар и починала.
Се претпоставува дека смртоносната повреда на зглобот Кејти ја добила за време на секс со својот дечко Дин Смит. Тој ја врзал за кревет. Лекарите и дале лекови против болка и ја пуштиле дома. Но следниот ден Кејти не можела да ја движи раката, и била црна и полна со плускавци. Во болница, таа починала на 2 јануари оваа година.
Покрената е истрага која покажала дека девојката починала од бактерија која јаде месо. Семејството ја обвинува болницата, тврди дека нивната ќерка била прегледана од млад лекар кој во Британија дошол само четири месеци претходно и мислат дека таа требало да биде задржана во болница и оперирана.
Дин (25) вели дека е скршен, прознал дека Кејти ја врзал со јаже за време на секс неколку дена пред нејзината смрт.
- Тоа не беше ништо ново, го правевме и претходно - рекол тој.
Истрагата покажала дека Кејти можела да се повреди кога паднала по скали или за време на секс игра. Семејството размислува за тужба против болницата, пишува Дејли Меил.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
