Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици

Годинашното полагање на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура започна без проблеми и се одвива во најдобар ред, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се реализира полагањето на матурските испити.
Јаневска информираше дека годинава матура полагаат вкупно 14.500 ученици, од кои над 12.000 се пријавени за државна матура, нешто повеќе од 2.000 за државна стручна матура, додека бројот на ученици кои полагаат државна уметничка матура е значително помал.
- Сè се одвива во најдобар ред и затоа сакам да им се заблагодарам и на Економскиот факултет, и на Државниот испитен центар, како и на директорката Даниела Јовческа-Михајловска, која втора година по ред успешно успева да ја спроведе оваа голема операција … Очекувам денот да заврши успешно и потоа на 11-ти и 12-ти кога ќе полагаат мајчин јазик исто така да помине сè во вака мирен и успешен ден. На учениците им посакувам успешно да ја положат матурата, да ја добијат заслужената оценка и се надевам дека дел од нив ќе го продолжат образованието на соодветните факултети, а дел ќе влезат на пазарот на трудот - рече Јаневска.
Како што истакна директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовческа-Михајловска, годинава за првпат учениците имале можност да изберат меѓу три вида завршни испити – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.
Јовческа-Михајловска, додаде дека испитите се организираат во училишта и на повеќе високообразовни институции низ државата вклучително и на останатите факултети при УКИМ, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, УКЛО во Битола и Државниот универзитет во Тетово.
- Матурата се полага на повеќе локации, вклучително и на високообразовни институции, како што е Економскиот факултет. Се полага и на Правниот, Филолошкиот и Филозофскиот факултет, како и на речиси сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Исто така, се полага и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се полага и во Битола на Универзитетот „Св. Климент Охридски”, во Прилеп на Економскиот факултет - рече Јовческа-Михајловска.
На новинарско прашање поврзано со препишувањето, Јовческа-Михајловска истакна дека одлуката за да се полагаат испитите во големи простории и амфитеатри дало позитивни резултати.
Директорката на Државниот испитен центар нагласи дека во амфитеатрите има поголем број тестатори и набљудувачи, при што за секои 15 ученици е ангажиран по еден тестатор, а мобилните телефони се оставаат на посебно определени места.
- Минатогодишното искуство покажа дека полагањето во голем простор вродува со плод, така што начинот на којшто се организира полагањето во големи простории каде што има поголем број ученици, за разлика од минатото кога имаше по 15 ученици во просторија, се покажа како успешен … Немаме појави на препишување, дофрлување и користење телефони во просториите за полагање. Се надевам дека и оваа година нема телефони во просториите. Тоа е обврска на училишната матурска комисија, на тестаторите кои се крајно одговорни, како и на набљудувачите кои се присутни за да го сведеме тоа не на минимум, туку на нула - појасни директорката на Државнатиот испитен центар.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
