Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка

Во штипскиот Основен суд денеска по две одложувања започна судењето на познатиот штипски угостител Стојанче Зарков - Грофот, кој е обвинет за убиство на неговата мајка. Според обвинението Зарков на 8 август со нож ја убил својата мајка. Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип, Тања Кацарова во своите воведни зборови побара изрекување на најстрога затворска казна, отценувајќи го делото како длабока повреда на општествените и морални вредности.
-Станува збор за насилен чин извршен од најблискиот член на семејството, во случајот од родениот син кон родената мајка, како лице кое му дала живот на обвинетиот и се грижела за него до последниот здив. Таквиот чин на мајкоубиство од родениот син остави трајни последици не само во семејството, туку и во општеството во целина, рече Кацарова.
Бранителот, Донче Стаменков, кој на обвинетиот Зарков му е додолен по службена должност рече дека обвинетиот нема мотив, а ниту имал умисла да ја убие 84 годишната жена, затоа побара ослободителна пресуда.
-Сите докази доставени од Обвинителството, сами по себе со контрадикторни, со кои не може да се докаже дека обвинетиот го има сторемно кривичното дело, рече Стаменков.
Обвинетиот Зарков даде исказ и посочи дека не се сеќава на таа ноќ. Инаку, според обвинителниот предлог на 8 август, околу два часот по полноќ, Зарков, со нож ја усмртил својата мајка, а потоа случајот самиот го пријавил.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
