Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Согласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај мали преживари, кој е одобрена од Европската Унија (ЕУ), во Источниот плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Како што информира АХВ, денеска завршува и првата фаза од дистрибуцијата на вакцините, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ.
Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот Регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни.
-Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот Регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација, наведува АХВ.
Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.
-Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување, истакнува Агенцијата за храна и ветеринарство.
MИА
Ново на Сител
-

Хаџи Василева останува предметен обвинител во случајот со судијата Ристов - најавува и поактивно обвинителство
-

Тема на денот со Искра Хаџи Василева, шефица на ОЈО ГОКК
-

Девет полицајци кривично ќе одговараат за непостапување за смртта на Росица Коцева од Велес
-

На новороденче на Гинекологија му отсекле дел од прст при вадење на инфузија
-

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила
-

Раководител на технолошка компанија во Грција бил мета на терористичката ќелија
-

Нови меѓусебни обвинувања за Алта Банка
-

„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“ - Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови пораки од Михаилова
