Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала

Министерството за култура и туризам соопшти дека по долги години чекање и административни пречки почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија.
Постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи.

Со решението дефинитивно се потврдува Одлуката за избор на најповолна понуда од 23.03.2026 година и е одбран конечен изведувач на проектот, наведуваат од Министерството.
Проектот, како што се посочува, се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала треба да заврши до декември 2027 година. Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на престижната титула – Европска престолнина на културата 2028.

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани.
Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации, информираат од Министерството за култура и туризам и додаваат дека остануваат целосно посветени на транспарентно, законито и брзо реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на земјава.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
