Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“

Канцеларијата на Општинското кривично јавно обвинителство во Загреб поднесе обвинение до Општинскиот кривичен суд во Загреб против двајца 18-годишници за предизвикување пожар во зградата на „Вјесник“ во ноември 2025 година.
Како што е наведено во соопштението, тие се товарат за тешко кривично дело против јавната безбедност по член 222 став 1, во врска со член 215 став 1 од Кривичниот законик, јавија локалните медиуми.
„Обвинението ги товари обвинетите дека на 17 ноември 2025 година во Загреб, во зградата на „Вјесник“ дејствувале заедно и во договор, на таков начин што на 15-тиот кат од зградата, првиот обвинет запалил картонска кутија полна со хартии, а вториот обвинет ја запалил хартијата од таа кутија и ја вратил изгорената хартија во картонската кутија“ се вели во соопштението.
Како резултат на ваквите дејствија, пожарот брзо се проширил и неколку ката од зградата биле целосно уништени, предизвикувајќи голема материјална штета, додава обвинителството.
Општинското кривично државно обвинителство во Загреб му предложи на судот во обвинителниот акт да го продолжи домашниот притвор против двајцата обвинети поради ризик од повторување на делото“, се додава во обвинението.
МИА
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
