Подобра координација на инспекторите за помалку диви таксисти
За поефикасно сузбивање на дивите такси превозници неопходни се законски измени, сметаат општинските инспектори за патен сообраќај.
Според нив ова е проблем со кој се соочуваат речиси сите општини во државата, а главна пречка за неговото решавање била неусогласеноста на законската регулатива. Ова беше и еден од заклучоците донесени на средбата на општинските инспектори од повеќе градови во државата што се одржа во Струмица.
Како пример инспекторите ја посочија постапката за издавање жолти регистарски таблички за таксистите.
За инспекторите проблем се и постапките што ги водат судовите, а се однесуваат на превозниците кои немаат лиценца. Сметаат дека тие траат предолго што им оставало простор на дивите превозници да опстојуваат подолг временски период и покрај тоа што работат нелегално.
Инспекторите предлагаат да се направи и база во која ќе се регистрираат прекршоците што ги прават овие превозници. За повторување на истиот прекршок два или три пати, да следува многу повисока глоба од таа што е предвидена во законот па дури и можност за одземање на возилото.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар