Бизнис
10. November 2022 - 16:43

Поевтини прехрамбени производи ќе има, но за десетина дена

Поевтинување на лебот, млекото и  млечните производи  наредната недела, а за 10 тина дена пониска цена ќе има и месото. Со владината мерка - производителите да добиваат субвенционирана струја, министерот за економија Бектеши очекува намалување на цените за најмалку 10%. Зголемените трошоци поради високите цени на електричната енергија беа аргументот на компаниите за драстичното поскапување на производите.

-Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енргија., изјави Крешник Бектеши  министер за економија

 Дел од компаниите пак, за да ги избегнат високите цени на струјата  на слободниот пазар, со злоупотреби, се префрлиле на регулираниот пазар , каде цената е пониска.. Надлежните уште во март алармирале  до УЈП и финансиската  полиција, но и по 7 месеци , епилог нема.  Сега, ако до 1 декември не се вратат на слободниот пазар -  ЕВН ќе ги исклучи. Станува збор за стотина приватни фирми, но и јавни комунални претпријатија.

Очекувам и двете институции да постапат согласно законите, а за да не оставиме да направат дополнителна штета веќе е донесена одлука од страна на Владата со која му е дадена обврска на универзалниот снабдувач ЕВН хоум од 1 декември да ги исклучи од регулираниот пазар и веднаш да ги префрли на отворен пазар сите кои го прекршиле Законот за енергетика и бесправно се префрлиле од отворен на регулиран пазар на електрична енергија – изјави Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната средба со новинарите.

Министерот уверува дека цехот на злоупотребите што ги правеле овие компнии нема  да го платат граѓаните преку зголемени сметки за струја. Напротив, вели дека по нова година и струјата и парното нема драстично да поскапат.