-->
-->
Поевтинуваат бензините и дизелот
-->

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,00 ден/лит.
За 1,143 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 38,643 денари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови
-

Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
