Полицаец фатен во див лов, пукал во забранета зона со двајца пријатели

На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско.
При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со ловечка пушка, а откако се оддалечиле од возилото слушнале повеќе истрели од огнено оружје.
Откако се вратиле, лицата се лишени и задржани во полициска станица, при што од М.З. е одземена ловечка пушка „Хуглу“ со патрони. Исто така, полициски службеници од ОВР Неготино, со судска наредба, извршиле претрес во викенд куќа што ја користел К.Т. во атар на с.Копришница, каде биле пронајдени и одземени ловечки патрони, марихуана, дробилка и останати предмети.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
