Македонија
25. December 2019 - 20:30

Полицаец од Струмица добил во кладилница и со закани сакал да си ја земе добивката

Наместо да покаже документ за лична идентификација полициски службеник од Струмица со закани присилил вработена во спортска оболожувалница во Валандово да му ја испати остварената добивка. 

Според информациите од СВР Струмица, 47 годишниот полициски службеник по остварената добивка отишол во време кога требало да ги извршува работните задачи. Откако го приложил добитниот тикет,  вработената во обложувалницата согласно законот за игри на среќа и забавните игри, побарала  документ за идентификација врз основа на кој требало да се изврши исплатата.

Но,  пријавениот одбил да се легитимира, заканувајќи и се  по животот и  на дрзок начин,  обраќајки и се со висок тон,  ја присилил  вработената да изврши исплата на добитниот тикет, спротивно на правилата на обложувалницата.

- Пријавениот изреволтиран од  барањето  на вработената да се идентификува злоупотребувајќи ја односно искористувајки ја својата службена положба во два наврати извадил службена легитимација, притоа заканувајќи се дека така лесно нема да поминат ниту вработените ниту кладилницата.

Случајот е пријавен во СВР-Струмица, по целосно документирање на настанот е поднесена кривична пријава, вели Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица.

Покрај пријавата за  “Злоупотреба на службена положба и овластување “ против истиот полициски службеник е поднесена уште една пријава со која се товари за  „Загрозување на сигурноста“. Како што информираат од струмичката полиција,  на почетокот од овој месец при разминување на скалите во внатрешноста од зградата на СВР Струмица, без претходно да биде  предизвикан, почнал вербално да му се заканува помошник началникот на Одделение за полиција и во еден момент го удрил во пределот на градите.  

По целосно  расчистување и документирање на настанот  поднесена е соодветната  кривична пријава.