-->
-->
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица
-->

Денеска (09.06.2025) полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, а по претходно добиено барање за преземање на активности во врска со спасување на повредено лице на падините на планината Јабланица, струшко, заедно со тим од САЕ „Тигар“, со хеликоптер се упатија на одредената локација за спасување на лицето.
По пристигнување на посочениот терен и прецизно лоцирање на повреденото лице истото беше безбедно евакуирано од страна на полициските службеници и транспортирано до Меѓународниот аеродром „Св. апостол Павле“ во Охрид, од каде што беше преземено од Итна медицинска помош и транспортирано за натамошно укажување на лекарска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
