Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и второпријавениот И.Ш., „главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни незгоди“ во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга, на 14.05.2026 во просториите на ПС Струга, при спроведување на лице, кое претходно било лишено од слобода, употребиле прекумерна физичка сила над него. Имено, и покрај тоа што лицето било врзано со лисици, пријавените физички го нападнале и го удирлае со раце и нозе.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата и суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
