Полјак спасил 260 напуштени миленици ширум Украина
Јакуб Котович е ветеринар од Полска кој за многумина стана херој оти патува ширум Украина и спасува животни најдени среде воените зони. Тој досега со три конвои спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов.
Јакуб (32) веќе 15 години има и добротворна организација за спасување животни, наречена „Фондација АДА“, па сега ја користи за да ги спаси погодените и настраданите во војната. Тој се надева дека ќе купи уште едно возило и ќе формира прифатилиште за животни покрај склад за храна. Раскажа и како две мачки веќе стигнале кај своите семејства кои се вон Украина…
– Сите домашни миленици се под голем стрес, патувањето од Лавов трае еден ден и границата ја минавме со дипломатска карта, но линијата од Украина беше многу долга, вели ветеринарот.
Тој раскажа и како луѓето доаѓаат кај него прашувајќи дали успеал да ги спаси и нивните миленици?
– Ние ги подготвуваме животните за процесот на посвојување. Понекогаш оние кои се во многу лоша состојба ќе бидат со нас два или три месеци, додава тој.
Ново на Сител
-

Филипче: 2026-та ќе биде кризна година, со покачени цени, ниски плати и закочени евроинтеграции
-

Мицкоски: СДСМ намерно сее паника и страв, следната година ќе враќаме нивни долгови
-

Коалиција Сите за правично судење: Судството стагнира во последните 4 години
-

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје
-

Нови 120 возила за македонската полиција
-

Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни
-

Долгови „ги гушат“ комуналните, штипски „Исар“ гледа излез и стабилизација
-

Охрид ќе добие Центар за кинески јазик
