-->
-->
Поради тепачка во Чаир приведени четири лица, меѓу кои и малолетник - Ги нападнале и полициските службеници
-->
На 05.08.2025 околу 23:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Р.(54), Бе.Р.(24), Б.Р.(24) и 14-годишник, сите од Скопје. Според пријавеното, околу 22.50 часот на подрачјето на Чаир, Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С. од Скопје, при што Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука по што заминале од лице место, соопшти МВР.
Откако биле пронајдени, двајцата со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат физички ги нападнале полициските службеници, по што сите биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари