Пораснат бројот на социјални случаи
Две годишната криза со рестрикции, карантини и затворање на фирми резултираше со нови 11.000 семејства корисници на социјална помош. Според податоците од министерството за труд и социјала во 2019-та 25.095 домакинства добивале гарантиран минимален додаток од државата, а до завршување на кризната состојба поради пандемијата тој број се искачил на 36.268 корисници.
- Во овој период го олеснивме пристапот и не се земаа приходите од послчедните 3 месеци, се земаа во предвид само последениот месец, како услов за остварување на гарантиран минимален додаток и лицата не беа обврзани да се пријавуваат во центрите за вработување и по било кој основ да им бил прекинат работниот однос влегуваа во системот за социјална заштита, изјави Софија Спасовска, помошник раководител на секторот за социјална заштита во МТСП.
Периодов бидејќи нема законски олеснувања иако имаме нова криза од МТСП не очекуваат зголемување на бројот на нови корисници на гарантирана минимална помош, но велат дека ќе ја следат состојбата и соодветно ќе делуваат.
- Ќе видиме како ќе се одвива тоа во однос на вработувањето и губењето на работните места и системот ќе ги прифати сите кои ќе ги исполнуваат условите овој период, рече Спасовска.
Инаку едно семејство за да може да користи социјална помош од државата не треба да е вработен, ниту да има имот или автомобил, а тримесечните приходи пред поднесување на барањето не треба да надминуваат 12.000 денари.
Социјалната помош од државата изнесува околу 4000 денари месечно, а заедно со додатоците за деца и електрична енергија едно четиричлено семејство просечно добива околу 200 евра од државата за еден месец.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
