Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:1 во сетови од Швајцарија. Ова беше првиот натпревар од 49.то издание на меѓународниот турнир „ВасилХаџииљоски – Чајка“.
Резултат по сетови: 25:23; 15:25; 24:26 и 23:25.
Македонските одбојкари добро го почнаа дуелот и го добија првиот сет со 25:23, откако имаа подобра игра во завршницата во сетот. Во вториот сет комплетна доминација на ривалот, кој сетот го зарши со десет поени разлика.
Клучен беше третиот сет. Македонија имаше водство од 24:22 и не искористи две сет топка за водство од 2:1, а противникот направи серија од 4-0 и го доби сетот и поведе со 2:1 во сетови. Во четвртиот сет Швајцарија имаше предност во завршницата, која ја реализираше за да го освои сетот со 25:23.
Утре на турнирот играат Швајцарија и Бугарија (втор тим), додека в четврток од 19 часот е дуелот меѓу Македонија и вториот бугарски национален тим.
МИА
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР