Повеќе од 425 лица уапсени на протест во Лондон во поддршка на забранета пропалестинска група
Британската полиција соопшти дека над 425 лица се уапсени на вчерашниот протест во Лондон во поддршка на пропалестинската организација „Дејствувај за Палестина“ (Palestine Action). Организацијата е забранета и прогласена за „терористичка“ од британската влада.
Според соопштението на лондонската полиција, 25 лица биле уапсени поради насилство врз полициски службеници.
Велика Британија ја забрани „Дејствувај за Палестина“ во јули годинава врз основа на законите за борба против тероризмот, откако членови на групата влегоа во база на Кралските воздухопловни сили и оштетија воени авиони.
Организацијата, која често ги таргетира и британските одбранбени компании поврзани со Израел, го обвинува Лондон за соучесништво во воени злосторства кои, според неа, Израел ги извршува во Газа.
Во последните недели, полицијата уапси стотици поддржувачи на „Дејствувај за Палестина“, меѓу кои и повеќе од 500 за еден ден минатиот месец. Многу од приведените се лица постари од 60 години.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри