Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно

Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа.
- Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент надминува 60 отсто. Турција е рангирана по Албанија, со околу 51%. Податоците покажуваат дека неможноста за одмор е особено распространета во земјите од Југоисточна Европа и во економиите со пониски приходи, објавија албанските медиуми.
Во овој показател, Албанија е многу послаба од регионот. Во Србија, околу 36% од семејствата не можат да си дозволат одмор, додека во Бугарија и Унгарија процентот достигнува приближно 39%. Италија регистрира ниво од околу 36%, додека Португалија, Хрватска и Шпанија варираат во опсег од 32-33%.
- Просекот во Европската Унија е околу 27%, речиси половина од нивото забележано во Албанија. Ова значи дека неможноста за еднонеделен одмор пропорционално влијае на речиси двојно повеќе албански семејства отколку во ЕУ. Најниските проценти се забележани во Швајцарија и Норвешка, каде што помалку од 10% од семејствата не можат да си дозволат еднонеделен одмор, како и во Луксембург, со околу 11 отсто, наведуваат медиумите.
Констатираат дека позицијата на Албанија го одразува ниското ниво на приходи на домаќинствата и ограничениот простор што останува за несуштински трошоци, по покривањето на трошоците за храна, домување, енергија и транспорт.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
