Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
Серија шумски пожари пеплосуваат големи делови од Балканскиот полуостров.
Еден пожарникар загинал на должност а повеќе од 1700 луѓе ги напуштиле своите домови под налетот на големиот пожар кој зафати делови од турскиот град Бурса. Автопатот кон Анкара е целосно затворен а локалните служби јавуваат дека во моментов имаат близу 80 активни пожари. Во петокот во делови на Турција температурите надминаа 50 степени и заедно со силниот ветер им задаваат големи проблеми на пожарникарите.
Под налет на топлотен бран и температури околу 44 степени е и соседна Грција. Локалните медиуми јавуваат за 5 големи активни пожари со кои се борат повеќе од 200 пожарникари а според последните информации меѓу нив има и неколку повредени. Официјална Атина побара помош од Европската Унија по големиот пожар кој во околината на грчката престолнина зафати и станбени квартови
“Houses burned, houses are burning as far as we know, they’re burning here, burning over there, a bit further down we’ve seen them burning too, we’re all on alert now.” – изјави жител на Атина
Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија го вклучи и Бугарија. Премиерот Желјасков рече дека во моментов во Бугарија се регистрирани над 240 пожари од кои најголем дел се предизвикани од човечки фактор.
Загрижувачка е ситуацијата со пожарите и во Албанија, каде гори на речиси целата територија, но најкритично е на југот каде се евакуирани жители и туристи. Голем пожар беснее и во северзападниот дел на земјата во близина на границата со Македонија.
Во соседно Косово како активни се водат 12 пожари а најктритично е на југот каде огнените јазици им предизвикаа штета на локалните фармери
“Someone started the fire in that area. Then firefighters arrived here. We were hoping that firefighters would stop the fire, but they could not, and the fire came down here. We rushed to save what we could. I had 20 cows and we managed to save 12, but 8 we could not save. As you can see, I lost the whole building and other machines. Everything is lost.” - Косово
Проблем со пожарите имаа и соседна Србија но и Хрватска но таму во текот на вчерашниот ден имаше силно невреме со дожд и град кое предизвика штети на земјоделските култури но успеа да го изгаси огнот.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар