Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
Албанија се соочува со сериозна, вонредна состојба со пожарите кои и понатаму беснеат на целата територија на земјата.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 64 пожари, од кои 24 се сè уште активни. Најголема закана се пожарите во округот Валона, во подрачјето на Делвина и Финиќ, каде и покрај сите напори и понатаму зафатената површина се проширува и кон Ѓирокастро.
Поради тоа Министерството за одбрана попладнево издаде наредба за евакуација на жителите и добитокот од неколку села. Во оваа област веќе целосно изгореа осум села чии жители се сместени во училишниот интернат во градот.
Албанската опозиција побара прогласување вонредна состојба, обвинувајќи ја владата за “недоволна ангажираност и не набавка на канадери”.
Делегацијата на ЕУ во Тирана денеска објави дека „ЕУ е во солидарност со храбрите албански пожарникари кои се борат со пожарите низ целата земја, како и со семејствата чии домови и средства за живот беа уништени“.
„Преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, европската солидарност е на терен: противпожарни авиони и хеликоптери од Хрватска, Шведска, Италија, Грција, Унгарија, Чешка и Словачка се борат рамо до рамо со албанските тимови“, нагласува Делегацијата на ЕУ во објава на социјалните медиуми.
Делегацијата на ЕУ ги повикува граѓаните да ги следат упатствата на локалните власти и да избегнуваат каква било активност што би можела да претставува ризик од започнување нови пожари.
Во меѓувреме американската амбасада во Тирана ги повика своите државјани да ги избегнуваат подрачјата каде беснеат пожари и за секоја потреба да се јават во амбасадата.
МИА
Ново на Сител
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?