Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност го помина првото читање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.
-Се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност, до 22 евра, испорачани од странство до примачи во Македонија. Предлогот предвидува и ослободување од ДДВ за мали пратки од некомерцијална природа пратени од физичко лице од странство до физичко лице - примач во земјава со вредност до 22 евра. Сепак, се предвидени и исклучоци од ова ослободување, даночно ослободување не се применува за одредени категории производи: алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун, рече заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски кој го образложи предложениот текст пред Комисијата.
Според Јанкуловски, основна причина поради која се врши изменување и дополнување на постојното законско решение е создавање појасна правна рамка, спречување злоупотреби и пофер услови за стопанисување.
-Се задржува сепак можноста граѓаните да примаат лични пратки од странство до 22 евра без плаќање ДДВ што од социјален аспект е многу значајно, потенцира заменик-министерот.
Тој потсети дека со директива од ЕУ од 2021 година е укинато ослободувањето од плаќање ДДВ за мали комерцијални пратки.
Според пратеникот од Левица Реџеп Исмаил, овој Предлог-закон е само политички изговор со кој само ќе се удри уште еднаш по оние што имаат најмалку примања.
Комисијата даде „зелено светло“ и за Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

30 ученици на долготрајно лекување, успешно го завршија првото полугодие онлајн
-

Преглед на вестите од светот
-

30 ученици кои се на подолго лекување, успешно го завршија првото полугодие со онлајн настава
-

Филипче: 2026-та ќе биде кризна година, со покачени цени, ниски плати и закочени евроинтеграции
-

Мицкоски: СДСМ намерно сее паника и страв, следната година ќе враќаме нивни долгови
-

Коалиција Сите за правично судење: Судството стагнира во последните 4 години
-

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје
-

Нови 120 возила за македонската полиција
