Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
Предлог-законот за минимална плата од 600 евра пристигна во Собранието. Во образложението се наведува дека во текот на минатата година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи значително зголемување, особено кај прехранбените производи, енергенсите, комуналните и здравствените трошоци.
- Поскапувањата кај храната и основните животни намирници, како и растот на цените на електричната енергија, греењето и услугите, реално ја намалуваат куповната моќ на работниците, особено на оние кои примаат минимална плата. Ова особено се одразува врз најранливите категории на работници, кај кои минималната плата претставува единствен или доминантен извор на приходи, велат од СДСМ, појаснувајќи дека финансиските импликации од законското решение би било околу 121 милион евра.
Претходно, Сојузот на Синдикати најави дека од идната недела почнуваат со блокади, а први кои ќе останат блокирани ќе бидат пратениците во Собранието. Го повикаа премиерот Христијан Мицкоски в понеделник да го потпише општиот колективен договор во Домот на работникот. Претседателот на ССМ вели голем број работници, особено вработените во Пошта и во Тутунски комбинат Прилеп имале закани и притисоци од надредените, кои од нив барале да се отчленат од ССМ и да се прклучат на Конфедерацијата на слободни синдикати.
- Веројатноста е наредната недела да дојдат со автобус и пешки како што доаѓаат најголем дел од работниците, како што доаѓаат работниците, без право на патни трошоци како пратениците и ќе ги чекаме да ги поздравиме и да им кажеме дека треба да гласаат. Да ги потсетиме дека таму се заради нас и дека ние сме ги бирале, рече Трендафилов.
Премиерот Мицкоски тврди, ССМ одбил зголемување на платите во јавната администрација за 40% до 2028 година. Вели дека доколку ССМ го прифати владиниот предлог ќе останат само нешто помалку од 8.000 работници за кои ќе треба да се бара решение.
- Во колективниот општ договор делот кадешто стојат „платите“ да го избришеме и во период од три години да го репреговараме. Доволен период имаме од три години да постигнеме договор, а во меѓувреме имаме колективен договор.
Имаме 95% вработените коишто се дел од одговрностите на Владата којашто е работодавач и со тоа Владата со своите вработени си ги регулирала односите до 2028. И со тоа ние сме завршиле. ЗНачи, остануваат уште овие 7.877 вкупно вработени од вкупната државна администрација, рече Мицкоски.
ССМ пред два дена излезе на протестен марш и побара минимална плата од 600 евра и линеарно покачување на сите плати за 100 евра. Ова барање не е ново, туку Синдикатот одамна бара зголемување на минималната плата. Владата се иззема од трипартитниот дијалог и бара работниците и работодавачите сами да се договорат.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
