Предвремени претседателски избори во Република Српска

Околу 1,2 милиони граѓани со право на глас денеска ќе избираат претседател на Република Српска. Граѓаните на 2.211 избирачки места од седум до 19 часот ќе го дадат својот глас за еден од шесте кандидати.
Граѓаните на РС можат да гласаат и по пошта, па 20.269 гласачи ќе го искористат тоа право, додека 258 ќе гласаат во дипломатски мисии во Минхен, Берлин, Виена и Белград
Изборите беа распишани откако на претседателот на РС, Милорад Додик му беше одземен мандатот откако Судот на Босна и Херцеговина го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради непочитување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница.
Според аналитичарите главната битка ќе се води помеѓу актуелниот министер за научно-технолошки развој и високо образование во Владата на РС, Синиша Каран, кој е предлог на Додик, а предложен од владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) и кандидатот на Српска демократска партија (СДС), но има поддршка и од опозицијата, професорот на Електротехничкиот факултет во Бања Лука, Бранко Блануш.
Другите четворица кандидати се Никола Лазаревиќ, претседател на Еколошката партија на РС, Драган Ѓокановиќ номиниран од Сојузот за нова политика, како и двајца независни кандидати – Славко Драгичевиќ и Игор Гашевиќ.
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина акредитираше 639 набљудувачи за следење на изборниот процес, од кои 515 се од невладини организации и 99 од меѓународни организации, вклучувајќи ја и ОБСЕ, додека уште 25 набљудувачи беа делегирани од политички партии.
Предвремените претседателски избори ќе чинат повеќе од 3,3 милиони евра.
Првите неофицијални резултати се очекуваат во 21 часот.
Кандидатот, кој ќе биде избран за претседател на РС, ќе ја извршува функцијата до следните редовни избори закажани за октомври 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
-

Политички обвинувања за градење згради во Дубаи, но и за србофобија
-

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот
-

Рекорден буџет и големи капитални вложувања за Центар во 2026
-

Наместо намалување, зголемување на пропишување на антибиотици – Фондот во 2026 со нова политика
-

Преглед на вестите од светот
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
