Македонија
28. September 2025 - 13:50

Прегазен 69-годишен пешак во тетовско

На 27.09.2025 во 20:03 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, тетовско, поточно во с.Порој, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(61) од село Горно Седларце, тетовско, удрило во пешакот М.А.(69) од с.Порој.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, соопшти МВР.