Преглед на вестите од светот
Во Русија почнаа претседателските избори. Денеска е првиот од трите дена кога Русите ќе гласаат. Актуелниот претседател Владимир Путин најверојатно ќе победи и ќе добие шест годишен мандат. Во конкуренција се уште тројца други кандидати, Задачата на тројцата противкандидати Николај Харитонов, Леонид Слуцки и Владислав Даванков е да изгубат. Ниеден од нив не ужива поддршка поголема од 6%, но сите ги поддржуваат политиките на Кремљ. Неговата популарност е истотака висока и рејтингот му е 86%, од 71% колку што изнесуваше пред инвазијата над Украина.
Русија и Украина соопштија дека нивните вооружени сили продолжиле да разменуваат оган во изминатите 24 часа, при што руската страна напомена дека нејзините сили погодиле украински цели вклучувајќи складишта за муниција, радари и беспилотни летала, а украинската страна тврди дека нападнала медицинска установа во руската област Белгород. Во текот на ноќта имаше напад со дронови и во главниот град на Украина Киев.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека неговата влада се уште не добила вистински одговор од Хамас во врска со договорот за размена на затвореници. Претставници на семејствата на израелските затвореници во Појасот Газа се сретнаа со Нетанјаху во Министерството за одбрана во Тел Авив. Тој истакнал дека би бил многу среќен да им даде радосна вест на семејствата на затворениците, но не може да даде таква радосна вест.
Израелскиот премиер рече дека на почетокот на неделата ќе ја свика владата за да ги одобри плановите за напад на јужниот град Рафа, каде што се засолниле околу 1,5 милиони луѓе кои бегаат од нападите во Појасот Газа и да ги евакуираат цивилите таму кој вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700-1.000 палестински затвореници. Потоа, ослободување и на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори, во замена за ослободување на израелските „жени регрути“. И на крајот треба да следи одредување на рокот и датумот за израелско повлекување од Газа.
Неверојатна ситуација се случи во првиот сет од четвртфиналниот дуел на Мастерсот во Индијан Велс. Тенисерите Карлос Алкараз, Александар Зверев, судијата Мухамед Лајани и други актери мораа да истрчаат во соблекувалната, бидејќи теренот беше целосно „нападнат“ од пчели! Условите за игра стануваа невозможни. Пчелите се собираа околу пајак-камерата, која организаторот набрзо ја подигна колку што можеше, но беше предоцна. Пчелите ги напаѓаат и боцкаат присутните, а се чини дека најтешко настрада судијата Лајани, кој во неколку наврати беше жртва на нападите на овие инсекти. Мечот беше во прекинат, а организаторите немаа вистинска идеја како да го решат проблемот. На долгиот прекин не му се гледаше крајот, но потоа на сцена стапи вистинскиот херој извесен Ленс Дејвис, човек кој заработува за живот истребувајќи пчели. Вооружен со правосмукалка и очила за сонце, без никакво заштитно одело, тој тргна да елиминира пчела по пчела и беше повеќе од успешен.
Беше чудно, никогаш не сум видел такво нешто на тениски меч. Нема да лажам, малку се плашам од пчелите, изјави Алкараз по мечот кој го доби со 2-0 и се пласира во полуфиналето.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар