Преглед на вестите од светот
Во Каиро е постигнат напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа пренесува рано утринава египетскиот државен ТВ канал „Ал Кахера њуз“, цитирајќи висок египетски извор.
Израел и Хамас вчера испратија тимови во Египет на нова рунда разговори за евентуален прекин на огнот во шестмесечниот конфликт. По кусата средба двете страни заминале и ќе се вратат во рок од два дена за да ги договорат условите за конечниот договор. Од преговарачките тимови се додава дека консултациите ќе траат во следните 48 часа. Хамас вчера повтори дека неговите барања вклучуваат траен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од Газа, враќање на раселените и размена на палестински затвореници за израелски заложници држени во Газа.
Воедно, израелската армија соопшти дека ќе ги повлече своите сили од градот Кан Јунис, најголемиот во јужниот дел на Појасот Газа, откако -98-та командоска дивизија ја заврши својата мисија во Кан Јунис и дивизијата има за цел да се опорави и да се подготви за идните операции, соопштија израелските одбранбени сили
Израелската армија (ИДФ) денеска исто така соопшти дека во воздушен напад во јужен Либан елиминирала еден од командантите на елитната единица Радван. Според израелската армија, Али Ахмед Хасин, кој имал чин на бригаден генерал, е обвинет за напади на северниот израелски дел од територијата, гребенот Рамим.
Во меѓувреме Израелците демонстрираа низ целата земја против владата на Бенјамин Нетанјаху, барајќи посериозни напори за ослободување на заложниците кои Хамас ги држи шест месеци. Во Тел Авив, на улиците имаше 100. 000 луѓе, демонстрантите бараат од премиерот Нетанјаху веднаш да поднесе оставка со пораката „избори сега“. Протест за ослободување на заложниците на Хамас се одржа и во Ерусалим.
Демонстрации имаше и во Хаифа, Бер Шева, Херцлија и Цезареја пред приватната вила на премиерот Нетанјаху. Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид учествуваше на еден во Кфар Саба пред да замине во Вашингтон на разговори.
Според информациите, 129 лица сè уште се во рацете на Хамас.
Три лица загинаа и три се ранети во руски бомбашки напади во областа Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти.
Откако во изминатите 24 часа руските сили извршиле напади „357 пати“ врз осум населени места во регионот.
Руските власти вчера соопштија дека украинско беспилотно летало ја нападнало територијата на украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е делумно окупирана веќе две години и дека уредот експлодирал над еден од реакторите.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар