Преглед на вестите од светот
Односите Србија - ЕУ, дијалогот Белград - Приштина и патувањето на Вучиќ во Москва на 9 мај во фокусот на средбата помеѓу претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и престедателот на Србија Александар Вучиќ во Белград.
-Драг Александар, процесот на пристапување се темели на градење доверба. Знам дека многумина, не само во Србија туку и во регионот ја изгубија довербата во овој процес, но дојдов лично да ве уверам дека иднината на Србија е во ЕУ. Топката сега е на ваш терен. Ве молам, да не губите време бидејќи иднината нема да чека. Да го отвориме кластерот три и да продолжиме со процесот истакна Кошта.
Европскиот дипломат рече дека добил објаснување од српскиот претседател за посетата на Москва, но и дека Вучик е свесен дека Србија па патот кон членството мора да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со ЕУ.
Србија останува посветена на европскиот пат и цврсто посветена на реформите и дијалогот со Приштина истакна Вучиќ.
-Политичката волја на Србија е да ја забрза својата интеграција, да си ја заврши работата, да го отвори третиот кластер што е можно поскоро. Амтосферата, сега сум убеден поради патувањето во Моксва, не е толку добра, но на пат сме да исполниме се што ветивме и верувам дека ќе има разбирање во Европа за напредок базиран на заслуги, изјави Александар Вучиќ.
Со Србија, Кошта ја почна турнејата на Западен Балкан. Попландево ќе оди во Босна и Херцеговина, утре е во Црна Гора и Косово, а во чевтрток ќе престојува во Скопје каде ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Турнејата ќе ја заврши со Албанија.
Кремљ засега не открива кој од руската страна во четврток ќе присуствува на мировните преговори во Турција за ставање крај на војната во Украина. Портпаролот на Кремљ, Песков истакна дека Русија подготува делегација за директните преговори со Украина , но кој ке патува во Истанбул не откри.
-Руската страна продолжува да се подготвува за преговорите што треба да се одржат во четврток. Тоа е всушност сè што можеме да кажеме. Кога претседателот смета дека е потребно, ние ќе го обајвиме составот.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека во Истанбул ќе преговара само директно со својот руски колега Путин. Зеленски сака и американскиот претседател да присустува на разговорите во четврток.
-Москва цел ден молчи за предлогот за директна средба. Многу чудна тишина. Претседателот Ердоган изрази целосна подготвеност да биде домаќин на средбата. Важно е претседателот Трамп целосно да ја поддржи средбата и би сакале тој да најде можност да биде во Турција, вели Зеленски.
Можно е Трамп да се приклучи на руско-украинските разговори.
-Мислам дека можеби ќе има добар резултат од состанокот во четврток во Турција помеѓу Русија и Украина. И верувам дека двајцата лидери ќе бидат таму. Размислував да отпатувам Не знам каде ќе бидам во четврток. Имам толку многу состаноци, но размислував всушност да одлетам таму. Постојат шанси за тоа, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар