Преглед на вестите од светот
Маскар во средно училиште во австрискиот град Грац. 8 ученици и еден наставник се убиени. Со повреди завршиле 30 ученици и инаставници.. Грозоморниот чин го извршил 22 годишен порашен ученик на истото улилиште, кој по нападот си ги одзел животот во еден од училишните тоалети сооошти полицијата. Со пиштол и пушка кои легално ги поседувал напагачот упаднал во училитетото околу 10 часот утрово и отворил оган во две училници. Полиција брзо пристигнала на местото на настанот.
Рано утро, во 10 часот, добивме тревога дека се слушнале неколку истрели во училиште. По ова почнавме полициска операција, вклучително и со оперативната група COBRA. Во моментов ситуацијата е обезбедена и нема повеќе опасност за други цивили, изјави портпаролот на полицијата во Грац.
Мотивот е не познат. Истрагата ја води Државната канцеларија за криминалистичка полиција.
Американскиот претседател доналд Трамп продолжува да го зголемува военото присуство во Лос Анџелес, и покрај противењето на калифорниските власти. Испрати дополнителни 2000 припданици на Нациналната гарда и 700 маринци а мобилизацијата ја објасни како неопходна за зачување на редот и мирот во градот, нарушен од протестите и нередите предизвкани од федералните рации за имиграција.
Не сакам граѓанска војна. Фала богу што испративме прекрасна Национална гарда. Ги испративме војниците и тие завршија фантастична работа. Ако не ја завршевме работата, тоа место ќе гореше. Ќе видиме што ќе се случува, мислам дека ја имаме ситуацијата под контрола, изјави Трамп.
Државата Калифорнија одлучи да го тужи шефот на Белата кука за испракањето војници без дозвола на гувернерот. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, ги повика жителите на градот да се воздржат од насилство и нереди.
Во текот на вчерашниот ден протестите беа досега најмирни и со најмалку инциденти.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар