Преглед на вестите од светот
Заканите на Трамп дека ке воведе високи царини за руски стоки и скунедарни тарифи за земји кои тргуваат со Русија доколку Путин не се согласи на мировен договор со Украина во следните 50 дена се сериозни и бараат анализа соопшти Кремљ.
- „Изјавите на претседателот на САД се доста сериозни. Некои елементи се чини дека се лично упатени до претседателот Путин. Секако ни треба време да анализираме што беше кажано во Вашингтон. Кога и ако претседателот Путин смета дека е потребно, тој несомнено ќе коментира за тоа, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
- Ако немаме договор за 50 дена, тоа е она што го правиме. Секундарните тарифи и тие гризат. И се надевам дека нема да стигнеме до таа точка.Но, слушам толку многу разговори, разговори, разговори. Се е разговори, а потоа ракетите одат во Киев и убиваат 60 луѓе. Мора да престане, изјави Доналд ТРамп, претседдател на САД.
Украина пак вети шефот на Белата куќа ке добие нови пратки оруже, вклучивајки мокни системи за воздушни одбрана Патриот за кои рече дека се договорил со ЕУ да ги плати. Зеленски му се забглагодари на Трамп, поради подготвеноста да и помогне на Укрина.
Благодарен сум на на претседателот Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи заштитата на животите на нашите луѓе, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
ЕУ го оцени ултиматумот на САД до Русија како предолг. Трамп му даде премногу време на Путин пред да воведе казненеи мерки. Педесет дена е многу долго време кога ке се земе предвид дека тие убиваат невини цивили секоја ден изјави високата претсавничка на ЕУ за надвоершна политика, Каја Калас.
Силно невреме вчера попладне го погоди Њујорк, предизвикувајќи поплави и прекин на патниот и воздушниот сообраќај. Снимките шти ги споделија њујорчани на социјалните мрежи покажуваат автомобили заглавени во вода, делови од метрото под вода и вода што се влева во самите вагони полни со патници. И за денеска се најавени обилни дождови, кои би можеле ддополнително да ја влошат ситуацијата ..Градските власти со порака до жителите - Останете дома и не патувајте без потреба.
ОН повотрно ги повикаа израелските власти да дозволат непречен и контуниран проток на хуманитарна помош во Појасот Газа. Огрнаичени конвои со помош не се доволни.Цивилте особено децата повеке не смеат да умираат од глад или жед предупреди првиот човен на ОН Гутереш. Според неговите податоци, на повеќе од 5800 деца во Газа им е дијагностицирана неухранетост а повевек од 1000 од нив имаат тешка акутна неухранетост.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар