Loading Video...
Свет
10. August 2025 - 16:45

Преглед на вестите од светот

Масовни протести се оддржуваат на улиците  низ Израел поради планот на владата за преземање контрола врз градот Газа во појасот Газа. Демонстрантите , меѓу кои и членови на семејствата на  заложници во Газа стравуваат дека  планираната  офанзива ќе ги   загрози  животите на заложниците и на војниците испратени во битка. Бараат договор со Хамас за завршување на војната и ослободување на заложнците. Израелкиот план за заземање на градот Газа  тема и на вонредениот состанок на Советот за безбедност на Он. Денешната седница  е на барање на   Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, потег што го поддржаа  сите членки освен САД. Генералниот секретар на ОН , Гутешер планот го анрече опасна екслација во 22 месечната  војнаа  во Појасот  Газа, Израелскиот премиер Нетањаху  тврди дека операцијаат ќе помогне во вракање на заложниците дома,  разоружување на Хамас и воспоставување на преодна цивилна влада. 

Не може да се носат одлуки за Украина без Украина порачаа преку заедничка изјава лидерите на Велика Британија, Франција. Италија. Гемранија. Полска, Финска и Европска Унија пред  средба на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска во петок. Тие изразија загриќеснот од можноста Трам и Путин самостојност да постгинат договов за прекин на војната во Украина и порачаа дека секое димплатско решение мора да ги заштити суверенитетот и теритотоијалниот интегритет на Украина.  Во мегувреме од   Белата куќа  соопштија дека  Трамп е подготвен  за  одржување  трилатерален состанок во Аљалска на 15 август  на кој би учествувал и  Зеленски, но засега тоа останува самит Трамп-Путин, како што првично побара рускиот лидер. 

Шумски пожар од големи размери го зафати јужниот дел на Албанија. Во општина Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села. Пожанриакрите се обидуваат да спречат  ширење на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица” но восиките темпратури и силните ветрови им ја отежнуваат работата. На помош се испратени припадници на армијата.