Loading Video...
Свет
4. September 2025 - 17:01

Преглед на вестите од светот

Билансот на загинати во тешката несреќа со популарнаиот туристички трамвај Глорија во Лисабон се искачи на 17 лица, откако двајца од 23-те повреднеи им подлегнаа на повредите соопшти службата за цивилна заштита на Лисабон.

Меѓу жртвите и повреднеите имало и португалски и странски државјани. 

- Од жртвите, идентификувавме седум мажи и осум жени, сите возрасни, вклучувајќи и странски државјанства. Сè уште немаме информации за возраста или националноста на овие жртви, што е одговорност на Јавното обвинителство, кое ќе ги информира семејствата и медиумите навремено, како и ќе нареди предавање на телата.

Денеска во Португалија е ден на национална жалост. Претседателот на Марсело Ребело де Соуса и премиерот Луси Монтенегро изразија сочувствто до семејствата на жртвите. Несреќата се случила вчера попладне, кога еден до два вагони на трамвајот од зассега непозанти причини   излетал од шините на стрмна улица во центарот на Лисабон и удрил во зграда. Форензички и полициски тимови работата на истрагата. 

Европа е подготвена да ѝ понуди безбедносни гаранции на Украина штом ќе се постигне мировен договор, изјави францускиот претесдателот по утринскиот состанок на таканаречќаната Коалиција на подготвените на кој присуствуваа Укрианскиот претседтаел и околу 30 западни лидери главно во од Европа. Макрон не откри какви безбедносни гаранции може да им понуди Европа на Украина. Русија повтори дека не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат  во рамки на мировно решение за конфликтот. 

- Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност, изјави Марија Захарова, МНР на Русија.

„Украина е суверена земја. Ако Украина сака да има безбедносни гарантни сили во Украина за поддршка на мирот, тоа зависи од нив. Никој друг не може да одлучи за тоа. И мислам дека навистина мора да престанеме да го правиме Путин премногу моќен. Но, зошто нè интересира што мисли Русија за војниците во Украина? Тоа е суверена земја. Не е нивна работа да одлучуваат', изјави Руте.

Во меѓувреме Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и понатаму ќе се залага за мирно решение на конфликтот помеѓу Русија и Украина.