Преглед на вестите од светот
Израел и Хамас го почитуваат договореното во Египет – примирјето во Појасот Газа продолжува а израелските трупи се повлекоа на договорените линии. Прекинот на огнот им овомзожи на десетици илајди Палестинци да почнат да се враќаат во своите домови во северниот дел на енклавата, каде што се соочуваат со сцени на огромно уништување.
„Скалата на уништување, како што можете да видите, животот во градот Газа стана невозможен. Нема начин да се живее тука, ниту за младите ниту за старите. Не можете да живеете во него. Водата, која е единственото нешто што им овозможува на луѓето да живеат на едно место... нема вода“.
Од утре ке почне доставувањето на хуманитрана помош во енклавата а до понеделник Хамас треба да ги ослободи преостанатите заложниците како дел од првата фаза од мировниот план на Трамп за Појасот Газа. Американскиот претседател објави дека Хамас веќе ја организира работата за вракање на заложниците.
- Во понеделник, заложниците се враќаат. Ги земаат сега. Тие се на некои прилично тешки места,под земја. Тие се на некои прилично тешки места каде што само мал број луѓе знаат каде се. Ги земаат и телата, приближно 28 тела. Тоа е трагедија. Сите, сите сакаат овој договор да успее. изјави доналд Трамп, претседател на САД.
Во замена за заложниците, Израел ќе ослободи околу 2000 палсетински затвореници. Примирјето треба да трае 60 дена и во тој период Израел и Хамас ќе разговараат за прашања од втората фааза од плаот на Трамп, разоружување на Хамас, враќање на јавниот ред и обнова на Појасот Газа.
Од ноември Соеденетите држави ќе воведат дополнители царини од 100 отсо на увозот на стоки од Кина. СОединетите држави ке воведат и контрола на извозот на технологија. Овие мерки се одговор на потегот на Пекинг кој пред неколку дена ги заостри своите правила за извоз на ретки земјини елементи изјави Трамп. Кина доминира на пазарот за такви елементи, кои се неопходни за технолошкото производство.
- Бевме изненадени од Кина. Ова не е нешто што јас, знаете, го иницирав. Ова беше само одговор на нешто што го направија. И тие навистина не го насочија кон нас. Тие го насочија кон целиот свет. Целиот свет е предмет на тоа. многу, многу лошо. „Не сум ја откажал средбата со Си , но не знам дали ќе ја имаме, но ќе бидам таму без оглед на тоа, па претпоставувам дека можеби ќе ја имаме.
Мината недела Трамп објави дека ќе има состанок со кинескиот лидер во Јужна Кореја на крајот од месецов.
Францускиот претседател Емануел Макрон изненадувачки повторно го назначи премиерот во заминување Себастијан Лекорну за шеф на владата. Како што објави Елисејската палата, 39-годишникот треба да продолжи како премиер и да формира нов кабинет. Лекорну ја презеде функцијата премиер пред само четири недели, а поднесе оставка во понеделникот ,откако неговиот предложен кабинет, кој беше во голема мера непроменет од претходниот, наиде на остри критики и закани за гласање недоверба од опозициските партии. Повторното назначување предизвика остри реакции кај опозицијата. Партијата Национален собир на Марин Ле Пен го оцени потегот како „лоша шега“ и најави гласање за недоверба.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
