Преглед на вестите од светот
Израел објави дека ќе продолжу да го почитува прекинот на огнот со Хамас во појасот Газа, но ќе реагира остро на секое ново нарушување. Израелската војска соопшти дека во текот на вчерашниот ден бомбаридала цели на Хамас низ енклавата, откако милитантите лансирале противтенковски проектил и пукале врз нејзините војници, убивајќи два војници.
Сопред армискиот портпарол, војниците биле во области кои остануваат по контрола на Израел согласно договорот за прекин на огнот. Во изарелксите напади загинаа најамлку 40 лица, вклучувајки најмалку една жена и едно дете според локалните жители и здртаввените власти.
-Вчера, ситуацијата беше застрашувачка. Се плашевме дека војната ќе започне повторно со нападите и бомбардирањето. Ситуацијата сè уште не е стабилна. Ни олесна кога војната заврши и запре. Сè уште има страв. Сè уште има страв.“
Хамас негира дека е поврзан со какви било судири со изарелските трупи. Овој инциндент е најсериозен откако стапи ан сила америкаско просередуванио т прекин ан аогнот на 10 октомври.
Француската полиција продолжува со потрагата по четворицата крадци кои вчера украдоа осум непроценлвии парчиња кралски накит од парискиот музеј Лувр. Околу 60 истражители работат на случајот.
Крадиците си заминале со ѓердан и обетки од колекцијата Мари-Луиз, ѓердан, пар обетки и дијадема од колекциите на кралиците Марија-Амелија и Хортензија и четири парчиња накит од колекцијата на царицата Евгенија. Накитот бил изложен во две витрини во салата Аполо на првиот кат од јужното крило на Лувр. Сторителите до таму дошле преку балкон, до кој дошле со возило со подвижна платформа.
-Овој камион со кран пристигна на местото на настанот во 9:30 часот наутро. Во 9:34 часот наутро, тие влегоа во галеријата, а шест до седум минути подоцна, излегоа од оваа галерија и четворицата криминалци си заминаа.
„Или бил нарачан од колекционер, во кој случај, ако го идентификуваме овој колекционер и овој нарачател, ќе го најдеме накитот во добра состојба. Или, како што можеме да видиме во различни прилики, бил нарачан од луѓе кои ги забележале овие скапоцени камења само поради камењата, бисерите и предметите, ретките метали од кои се направени.“
Лувр останува затворен и денеска за посетили.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
