Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан, ќе има обраќање на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија, каде што ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.
Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво, Даниела Димовска.
МИА
Ново на Сител
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
-

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата
-

Пациенти со ретка болест останале без терапија - од здравство тврдат дека има лекови
-

Преглед на вестите од светот
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката со нож
-

Стојанче призна вина дека ја тепал, но не и дека ја навел Ивана да се самоубие
-

Советот на Јавни обвинители ја отфрли претставката на Ленче Ристовска против премиерот Мицкоски
