Премиерот стравува од инфлација, СОНК не отстапува од барањата
Повисоки плати во образованието ДА, но не сега. Во оваа најкризна година, ако се зголемат платите во овој сектор, државата ќе се доведе во ситуација да не може да ги сервисира обврските. Ова е ставот на премиерот Ковачевски за емисијата 360 околу најавениот штрајк на СОНК, преку кој бараат зголемување на платите за 18,5%. Премиерот вели дека се бара методологија која ќе обозможи пораст на платите, но во иднина и без политички влијанија. Сегашното зголемување, само ќе ја подргее инфлацијата .
Разговарав со претставниците на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. изјави Димитар Ковачевски, премиер
Од СОНК не отстапуваат Штрајк ќе има. Очекуваат посериозен пристап, со аргументи и бројки од Владата, а не паушални изјави. Велат – како што е криза за Владата , така е и за нашите работници
Во понеделник очекуваме посериозни анализи , меѓу другото и некаков одговор на нашето барање. Не е доволно само да се каже дека ова време не е време за зголемување, затоа што е криза. Па криза е и за нашите работници, кои во нивните семејни буџети има недостаток на материјални средства, изјави Јаким Неделков, престедател на СОНК.
Во најновата колумна и министерот за финансии Бесими, вели дека барањата за буџетска поддршка речиси секогаш доаѓаат без да се земе предвид приходната страна на буџетот. Иако некој од барањата се оправдани, според Бисими, голем дел се превисоки и во нормални околности или неприфатливи и за самите предлагачи, доколку би биле на одлучувачки позиции.
Ако не се постигне договор в понеделник, училиштата и градинките од 11 април нема да работат, се додека не се исполни барањето на СОНК – пораст на платите согласно сложеноста и коефициентот на работното место.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
