Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
Докторката Мери Пешевска, која призна вина за случајот „Онкологија“, во своето обраќање до судот, денеска рече дека е злоупотребена од колегите онколози.. Докторите имале пракса да користат печат од друг онколог за да може пациентите навремено да ја добијат терапијата, ама како што рече Пешевска, никогаш не помислила дека правилото може да е злоупотребено.. На седуммината пациенти кои според обвинението биле несоодветно лекувани, таа не им била ординирачки доктор, туку обвинетиот Нино Васев кој со нејзиниот печат ја одредувал терапијата..
„Јас од моја небрежност и невнимание сум ги оставила на шалтер својот факсимил, корисничко име и лозинка. Сме имале доверба и не сме се посомневлае во нечесни намери.. Но, сега, печатот е со мене во џеб во мантилот, системот го гасам и компјутерот не го оставам ниту секунда“, истакна во судницата Пешевска.
Одбраната го повика судот да не заборави на две деценискиот придонес кој Пешевска го дала во лекување на пациентите, и како што рече, казната треба да понуди простор за поправка..
„Нашиот став е дека оваа минорна грешка немала за цел да нанесе штета на никој, туку била воведена како пракса во работењето на Онкологија, а воедно и на другите клиники каде што докторите имаа доверба најанапред меѓу себе и колегите и не можела никако да се посомнева ниту она ниту другите дека некој ќе ги злоупотреби таквите нејзини лични податоци и ќе препише несоодветна терапија“, рече Влатко Китановски, Адвокат.
Обвинителство побара Пешевска да биде огласена за виновна.. Изразила искрено признание, ама знаела дека се случува и неовластеното користење на нејзиниот печат..
„Последиците од дејствијата се тешки, бидејќи кај секој од седуммината пациенти дошло до нарушување на здравјето. Иако била свесна за штетната последица, обвинетата лекомислено сметала дека таа нема да настане“, рече во судницата Ана Гоговска Јакимовска, Јавен обвинител.
Пресудата за Пешевска, која на стартот на судењето за случајот „Онкологија“ призна вина, судот ќе ја објави во понеделник.. За истиот случај постапката продолжува против екс директорот Васев и уште двајца доктори од клиниката за онкологија..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар