-->
-->
Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-->

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска учествува на Доха Форумот 2025 што до 8 декември се одржува во Доха, Катар.
Како што информираат од собраниската прес-служба, темата на овогодишниот форум е „Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“.
На маргините на Доха Форумот претседателот на Собранието ќе оствари средба со својот хомолог Хасан Бин Абдула Ал-Ганим, претседател на Советот на Шурата на Државата Катар, потоа со Султан Бин Саад Ал Мураики, државен министер за надворешни работи на државата Катар, како и со шеиката Ал Мајаса Бин Хамад бин Калифа-Ал Тани, претседателка на музеите и културното наследство на Катар.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
