При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) спроведе акција на повеќе локациии низ Скопје. При претресите се пронајдени наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол.
Министерството за внатрешни работи информира дека поднело кривична пријава до ОЈО ГОКК против Н.Г (29), Б.П. (27), Д.Б. (24) и Ф.С.(30), сите од Скопје, заради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции“, а против Ф.С. и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
- Осомничените од февруари до октомври годинава се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога - кокаин и наркотична дрога – марихуана. За таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотична дрога така што првоосомничениот неовластено ја набавувал, ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачје на Скопје. Потоа дел од неовластено набавената наркотична дрога ја предавал на останатите осомничени лица и секој посебно преземал дејствија за неовластена продажба, продавајќи ја по 4.000 денари за 1 грам кокаин и по 500 денари за 1 грам марихуана, соопшти МВР.
МИА
Ново на Сител
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
