ПРИКАЗНА ЗА МАЈКАТА
„Приказната за мајката“ ни го претставува емотивното патешествие за една жена која ќе мора храбро да се бори да ги одгледа своите три сина, надминувајќи ги горчливите животни предизвици. Напуштена од сопругот Хасан, Зухал ќе започне да гради нов живот за да го извлече своето семејство низ болката кон исцелување и искупување. За оваа мајка, смислата на животот ќе станат само нејзините деца. Децата кои ќе треба да ги израсне како знае и умее. Децата за кои непроспиените ноќи нема да имаат никакво значење и децата за кои е подготвена да направи сѐ за да ги изведе на прав пат. И сето тоа во очај, гнев и немоќ, но и во судир со околината која често има и погрешни сфаќања.
Велат дека вистинската љубов не постои на ниту едно друго место освен во срцето на мајката. Солзите во нејзините очи ќе болат најсилно затоа што на почетокот на секоја приказна постои приказната на нејзината љубов. Приказната за мајката со која ќе сочувствуваме и во која длабоко ќе веруваме.
Омилената актерка на публиката во нова животна приказна.
Ново на Сител
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
