Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме“
Британскиот принц Хари вчера ја посети Украина каде пристигна со тим од својата фондација „Invictus Games“ за детално да ги објасни плановите на неговата добротворна организација за помош во рехабилитацијата на ранетите војници.
Ова е второто патување на Хари во Украина годинава, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Лавов. Хари десет години служеше во британската армија пред да ја основа фондацијата „Invictus Games“, која организира меѓународен спортски настан за воен персонал ранет во акција.
Хари беше поканет во Киев од премиерката Јулија Свириденко и Олга Руднева, директорка на центарот за рехабилитација „Superhumans“, соопшти неговата канцеларија. Тој исто така имаше приватни средби со министерката за прашања на бранителите, Наталија Калмикова, и премиерката, а подоцна положи венец на плоштадот Мајдан, додаде неговата канцеларија.
-Не можеме да ја запреме војната, но можеме да направиме сè за да помогнеме во процесот на закрепнување, изјави Хари за „Гардијан“ во ноќен воз за Киев, додавајќи дека пред патувањето добил дозвола од британската влада и неговата сопруга.
Патувањето се случи на крајот од четиридневната посета на Хари на Велика Британиј, каде после 20 месеци се сретна со неговиот татко, кралот Чарлс.
МИА
Ново на Сител
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање