„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
Познатиот производител на чипс „Принглс“ организираше необична наградна игра во САД, нудејќи им на своите најверни обожаватели можност да освојат погребна урна во форма на препознатливата кутија за чипс, како и награда во вредност на 200-годишна залиха од нивниот производ.
За учество во наградната игра, полнолетните жители на САД требало да потпишат симболичен тестамент наречен „Will and Taste-ament“, со кој изразуваат желба нивната пепел по смртта да биде ставена во урна во форма на кутија „Принглс“.
Сепак, станува збор само за маркетиншки потег, бидејќи документот нема правна сила и победникот не е обврзан навистина да биде погребан на ваков начин.

Наградата од 200-годишна залиха чипс е пресметана врз основа на 52 кутии годишно, односно вкупно 10.400 кутии. Наместо физички да добие толкаво количество чипс, победникот ќе добие парична награда од 28.080 долари, како и специјално изработена урна.
Инспирацијата за оваа необична кампања потекнува од вистинска приказна. Фредрик Баур, човекот кој ја дизајнирал препознатливата цилиндрична амбалажа на „Принглс“, посакал по неговата смрт дел од неговата пепел да биде ставен во една од кутиите што ги создал. Неговото семејство ја исполнило желбата по неговата смрт во 2008 година.
Наградната игра започна на 13 октомври, а пријавувањето заврши на 22 октомври 2026 година. Победникот се очекува да биде известен до крајот на месецот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
