Македонија
27. September 2025 - 14:10

Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал

Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно ЛисичеДолно Лисиче во Скопје, патничко возилоауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиникиМајка ТерезаСкопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.