Македонија
2. January 2026 - 13:21

Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му

Полициски службеници од ОВР - Неготино во текот на вчерашниот ден лишија од слобода 31-годишник од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 59-годишна тетка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центар за социјални работи - Неготино.

-Тој e спроведен во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР - Велес.

 

МИА