-->
-->
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-->
На 07.09.2025 во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б. (37) од Арачиново. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници во село Љубодраг, кумановско, запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Б. и било утврдено дека управувал со возилото со брзина од 91 километри на час во населено место, каде максимална дозволена брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025