-->
-->
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-->
На 02.07.2025 во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода Р.И.(45) од Радовиш.
Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители