Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
Полициски службеници синоќа во 20:50 часот го лишиле од слобода С.А., на возраст од 48 години од кавадаречко село. Тие постапиле по претходна пријава од неговата поранешна 48-годишна сопруга, дека во домот на нејзината мајка во Неготино, тропал на влезната врата, им се заканувал и се обидел да влезе со употраба на сила, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
С.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, како што додаваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претходно, во 14 часот во ОВР - Кавадарци, К.С., 54-годишен кавадарчанец, пријавил дека во дворот од неговиот дом во кавадаречко село, неговите соседи Ќ.С. и И.С. му се заканувале.
- Се преземаат мерки за расчистување на настанот, истакнуваат од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?