-->
-->
Приведен 63 струмичанец кој предизвикал пожар во дворот и на улицата на која живее
-->

На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото.
Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено мерење со дрегер е утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
